Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, смета дека доколку Наполи сака да напредува, тогаш не смее да си дозволи да ги продаде најдобрите поединци во тимот.
„Доколку Наполи сака да продолжи да расте како клуб тогаш Едисон Кавани, Марек Хамшик и тренерот Валтер Мацари, мора да останат во клубот“, категоричен е Пандев, а потоа го пофали особено Мацари.
„Тренерот е исклучително важен за мене. Сакаше да дојдам во овој клуб, имаше верба во мене и јас повторно ја вратив мојата играчка форма. Според мое мислење Мацари направи исклучителна работа со тимот, тој е најдобриот италијански тренер. Се надевам дека ќе остане во Наполи“, јасен беше Пандев.
Наполи, викендов ќе му гостува на Милан, екипата на Пандев се наоѓа на второто место на табелата со четири бодови повеќе од Милан.
„Нема да биде лесно да се победи на Сан Сиро, но тоа не е невозможна мисија. Мораме да останеме фокусирани во текот на целиот натпревар“, вели Пандев.

Нема коментари:
Објави коментар