четврток, 16 мај 2013 г.

Андреа Поли е нов играч на Милан?

Андреа Поли се смета за еден од најдобрите млади играч од средиот ред во Серија А.

Според Tuttomercatoweb.com Милан постигнал договор со Андреа Поли а целата зделка Милан ќе го чини 6 милиони евра а играчот ќе потпише четиригодишен договор со Росоњерите,

Последниве 2 дена се зголемија шпекулациите дека човекот кој му е потребен на Алегри може да биде 23 годишниот играч од средниот ред на Сампдорија, Андреа Поли.Се спомнува дека Берлускони е оној кој најмногу го форсирал овој трансфер затоа што Поли го видел како играч совршен за Милан.

Во 2006-тата година,како 17 годишен играч бил многу блиску до преселба во Милан,но Сампдорија била побрза и поодлучна за негов трансфер.

Балотели: Следниот пат ќе го напуштам теренот!


Балотели: Следниот пат ќе го напуштам теренот!


Марио Балотели најави радикален потег кога следниот пат на некој фудбалски натпревар ќе биде мета на расистички напади.

На дерби натпреварот од италијанската Серија А минатиот викенд помеѓу Милан и Рома, гостинските навивачи ги навредуваа неколку играчи на ’росонерите’ на расна основа. Поради ваквите испади, Рома плати казна, но на Балотели не му значи премногу изречената казна, па најави дека „следниот пат ќе го напушти теренот“.

„Многу малку ми недостигаше во неделата да го напуштам теренот. Сакав да го повторам она што мојот соиграч Боатенг го направи на пријателскиот натпревар. Но, не го направив тоа затоа што така Рома ќе беше драстично казнета, а ние ќе го добиевме натпреварот на зелена маса со 3-0 или слично“, изјави напаѓачот на Милан.

„Но, дефинитивно знам дека следниот пат, ако се повтори такво нешто сигурно ќе го напуштам теренот. Некогаш порано кога размислував што би направил во такви ситуации, си велев самиот на себеси дека ќе се смирам и дека нема да обрнувам внимание на такво нешто. Но, повеќе не размислувам така, доколку се случи нешто так

среда, 15 мај 2013 г.

Форлан: Не ме сакаа во Интер

Уругвајскиот репрезентативец Диего Форлан остро ги нападна челниците и фудбалерите на неговиот поранешен клуб Интер за односот кон него додека настапуваше за овој клуб.


Најдобриот фудбалер од Мундијалот во Јужна Африка направи сензационален трансфер од Атлетико во Интер во 2011 година, но за "неро-аѕурите" одигра само 18 натпревари со мизерни два постигнати гола. На крајот од непријатната епизода на Џузепе Меаца, на Форлан не му било дозволено ниту да се простиод своите соиграчи.


"Веќе беше извесно дека ќе го напуштам Интер, сакав да се збогувам со фудбалерите, но тие не ми креваа на телефон. Се обидов да стапам во контакт со менаџерот на тимот Иван Кордоба, но од клубот ми рекоа некои глупости дека утрешниот ден не е многу поволен за збогување. Пораката беше јасна: не бев добредојден повеќе во тимот", вели Форлан.


По заминувањето од Интер, Уругваецот ја продолжи кариерата во бразилскиот Интернационал, но се уште се сеќава на прекрасните моменти во Европа.


"Кога ќе погледнам наназад, играњето со фудбалери како Луис Суарез, Серхио Агуеро, Руд ван Нистелрој, Хуан Рикелме и под водство на Алекс Фергусон и Мануел Пелегрини беше голема чест за мене", додаде 34-годишниот фудбалер.

петок, 12 април 2013 г.

Како убавата Барбара ги среди финансиите на Милан

Ќерката на Силвио Берлускони, Барбара која е финансиски директор во Милан успеа во намерата за половина да ги намали трошоците на клубот и да го направи независен од парите на нејзиниот татко.

Благодарение на продажбата на Ибрахимовиќ, Тиаго Силва и својот дечкоПато, Барабара ги испегла финансииите на Милан и побрзо од очекувањата успеа да ги намали трошоците од плати и останати издатоци во клубот за 50 проценти.

Таа во опширно интервју за „Газета дело Спорт“ ја изнесе својата идеја за функционирање на Милан во иднина.

„Ова лето се одлучивме да направиме комплетна револуција во организацијата, а за тоа беше неоходна жртва. Бевме многу критикувани на почетокот, но ова е проект со кој Милан во иднина ќе биде константно на врвот“.

„Веќе неколку години клубот работеше со загуба помеѓу 60 и 70 милиони, а оваа година благодарение на реорганизацијата веќе влеговме во плус. Нормално дека спортските резултати се најважни, но сега имаме основа и добар буџет секоја година да бидеме се подобри и подобри“, објасни Барбара.

„Милан мораше да тргне по моделот на Барса и Баерн. Едноставно не можете да купите 25 играчи од светска класа, морате да ги создавате. Тоа секако не значи дека нема да купуваме скапи играчи, оваа зима го доведовме Балотелии секоја година ќе бидеме во можност да купуваме по една ѕвезда“, вели ќерката на Берлускони и на крајот додаде:

„Милан моментално е единствен од големите клубови во Италија, кој е независен од сопствениците, се финансира самиот од своите приходи и притоа не е во загуба. Ова е начин кој останатите италијански клубови мора да го следат ако сакаат да имаат долгорочни успеси. За среќа ние напредувавме подобро од очекувања и целта за оваа сезона е да избориме пласман во ЛШ, а од следната сезона ќе бидеме конкурентни и во Италија и во Европа“, заклучи убавата Барбара и додаде дека семејството воопшто не размислува за продажба на клубот.

Пандев: Наполи мора да ги задржи Хамшик, Кавани и Мацари

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, смета дека доколку Наполи сака да напредува, тогаш не смее да си дозволи да ги продаде најдобрите поединци во тимот.

„Доколку Наполи сака да продолжи да расте како клуб тогаш Едисон Кавани, Марек Хамшик и тренерот Валтер Мацари, мора да останат во клубот“, категоричен е Пандев, а потоа го пофали особено Мацари.

„Тренерот е исклучително важен за мене. Сакаше да дојдам во овој клуб, имаше верба во мене и јас повторно ја вратив мојата играчка форма. Според мое мислење Мацари направи исклучителна работа со тимот, тој е најдобриот италијански тренер. Се надевам дека ќе остане во Наполи“, јасен беше Пандев.

Наполи, викендов ќе му гостува на Милан, екипата на Пандев се наоѓа на второто место на табелата со четири бодови повеќе од Милан.

„Нема да биде лесно да се победи на Сан Сиро, но тоа не е невозможна мисија. Мораме да останеме фокусирани во текот на целиот натпревар“, вели Пандев.